Се основа парламентарна група за поддршка за правата на Ромите

150

Во Собранието денеска ќе биде основана и промовирана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од од различни политички партии.

Иницијатори на оваа идеја се пратениците Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Славица Шуманска-Митева, Соња Мираковска и Јулиана Николова.

Покрај пратениците, на основањето на групата се поканети претставници на Амбасади и невладиниот сектор од оваа област.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...