Се омажи ќерката на Иво Санадер, татко ѝ не дојде на венчавката ВИДЕО

Бруна до црквата пристигнала во придружба на сестра си Петра Санадер и пријателките.

1431

Бруна Санадер (30), ќерката на бившиот хрватски премиер Иво Санадер се омажи за долгогодишното момче, економистот Ведран Вукадиновиќ.

Венчавката се одржа во катедралата на островот Хвар, Свети Стјепан.

Бруна до црквата пристигнала во придружба на сестра си Петра Санадер и пријателките. На новинарите не им бил дозволен пристап, но сепак, новинарите на порталот „Слободна Далмација“ успеале да забележат дел од атмосферата пред влезот.

По венчавката, младенците пред црквата танцувале на песните на Оливер Драгојевиќ ,„Цесарица“ и „Кад ми доџеш ти“.

Остатокот од свадбената церемонија се одржал во еден познат клуб, а гостите биле превезувани со неколку бродови.

Иво Санадер не дојде на венчавката на својата ќерка.

Поранешниот хрватски премиер се наоѓа во затворот Реметинец, каде треба да отслужи шестгодишна казна затвор за случајот „Планинска“, за кој беше осуден на 4,5 години затвор, а со одлука на Врховниот суд, казната му е зголемена на шест години.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...