Најпознататa пензионирана порно-ѕвезда, Миа Калифа (27) по вторпат во неколку дена на својот профил на Инстаграм објавува фотографии во венчаница.
Либанката во март се сврши со шведскиот готвач Роберт Сандберг (29) во Чикаго, а ова на Миа ѝ е втор брак. Таа на 18 години се омажила за љубовта од средното училиште, но тој брак кратко траел.
– Поранешиот сопруг беше љубоморен – рекла тогаш, додека не била сè уште светски позната порно-ѕвезда. Бракот со Роберт, се надева Миа, ќе трае додека смртта не ги раздели.
Иако е во пензија веќе неколку години, фановите се надеваат дека Калифа повторно ќе се врати во светот на порнографијата.
– Луѓето мислат дека сум заработила милиони од порно-филмовите, а јас вкупно заработив 12.000 долари во таа индустрија. Наоѓањето нормална работа откако престанав да снимам порно-филмови беше страшно – раскажала Миа.
Калифа стана едно од најзвучните имиња во порно-индустријата, а таа вкупно работеше само три месеци во периодот од 2014 до 2015 година.
– Да расчистиме, никогаш не ми ветија милиони, ниту пак, ги очекував – додала таа.
Миа престанала да снима откако започнала да добива смртни закани.
– Сè отиде по ѓаволите кога ИСИС ми се закануваше. Тогаш одлучив да престанам. Кога станав популарна, си реков себеси дека треба да побегнам од сето ова. Тоа секако не беше нешто што сакав засекогаш да го работам. Само сакав да се забавувам – изјавила Миа своевремено.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин