Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, се ожени со својата долгогодишна сакана Ема Рис-Џонс на церемонија, затворена за медиумите на мал остров во близина на Мајорка.
Двојката го кажа судбоносното „да“ пред само околу 60 гости, блиски роднини и пријатели. За свадбата било изнајмено посебно обезбедување, се верува поради семејната драма што последниве години ја преживува Ема.
Герет Бејл лани беше принуден да ја одложи венчавката со својата девојка од детството, по бизарните ситуации во врска со семејството на својата свршеница.
Герет и Ема Рис-Џонс планирале раскошна венчавка во древниот замок во Тоскана во Италија, на кој требало да присуствува музичката ѕвезда Бијонсе.
Меѓутоа, вљубената двојка била принудена да ја одложи венчавката за една година подоцна, откако сплет на неверојатни околности кои се случија во изминатиот период.
Инаку, таткото на Ема, 55-годишниот Мартин Рис-Џонс поминал шест години во затвор поради меѓународна измам во вредност од 2,2 милиони евра. Тој се изјаснил за виновен по повод измамамта која вклучувала продавање безвредни акции по големи суми во текот на три години.
Бејл и Ема, исто така, ги повлекле поканите уаптени кон таткото и членовите на семејството, кои се уплетени во аферата со исчезнатиот кофер во кој имало 850.000 евра од трговија со дрога.
Автомобилите кои припаѓале на дедото, бабата и тетката на Ема биле запалени во 2016 година, откако биле посипени со бензин во куќата на нејзината друга тетка во Велс.
Во екот на планирањето на венчавката, Ема, исто така, примила уште една страшна вест дека партнерот на нејзината сестра е пронајден мртов. Тој наводно се убил во моментот додека бил под истрага на социјалната служба во врска со старателството над своите деца.
FOTO: Instagram/Printskrin