Синот на Стефани од Монако и Даниел Дикруe, нејзиниот поранешен телохранител, се омажи за Марија Шевалие, со која врската ја започнал во текот на студентските денови, поточно во 2011 година.
Младоженецот е внук на Грејс Кели и принцот Рение од Монако.
Двојката се свршила во февруари 2018 година, а прво во петокот склопиле граѓански брак во Монако, а потоа, наредниот ден, љубовта ја крунисале и во црква, во друштво на блиски пријатели и семејството.
Свадбата што ја следела традицијата на кнежевското семејство била проследена со големо внимание.
Во голема мера се коментирал стајлингот на невестата, која на првата церемонија носела комбинезон од дизајнерката Роза Кларен, а на втората венчаница од „Atelier Boisanger“, која била креирана дури 300 часа.
Марија додека се возела во кочија кон црквата заплакала, а потоа ја претставила на светската прекрасната класична венчаница. Фустанот го красел екстремно долг плашт и раскошен вел.
Марија во текот на вечерта се пресоблекла во пократок фустан, кој, исто така, бил украсен со метри и метри тил позади.
FOTO: PROFIMEDIA
FOTO: Instagram/Printskrin