Се огласи сопругата на Џејми Оливер по банкротот заради долгот од 80 милиони евра

Џулс била покрај Џејми постојано додека тој ја градел деловната империја, а покрај одредените индикации дека бизнисот на шефот на кујната не функционирал баш најдобро, никој не се надевал на банкрот.

8234

Eден и пол месец откако славниот готвач Џејми Оливер (44) банкротираше поради долгот од 80 милиони евра и затвори 21 ресторан во негова сопственост, се огласи и неговата сопруга Џулс Оливер (44).

Таа во интервјуто за магазинот „Ред“ ја искоментирала целата ситуација, но и ги открила плановите за идната година.

– Сите сме скршени и ни треба одмор. Сè што некогаш сум сакала беа децата и семејниот живот. Тоа сум јас – рекла сопругата на Џејми Оливер.

Џулс била покрај Џејми цело време додека тој ја градел деловната империја, а покрај одредените индикации дека бизнисот на шефот на кујната не функционирал баш најдобро, на банкротот никој не се надевал.

Без работа останале околу 1.300 работници, а за тоа биле известени само половина час пред банкротот.

Џејми и неговата сопруга се венчале во 2000 година во Велика Британија, а од бракот имаат пет деца.

Двојката на 24 јуни прослави 19 години од бракот, а Џулс на својот сопруг му честитала на Инстаграм.

Меѓутоа, таа открила и што планира да направи идната година кога таа и Џејми би прославиле 20 години од брак.

– Идната година ќе прославиме 20 години од брак, и ќе се венчаме повторно, но тоа ќе го направиме на поинаков начин – на отворено и боси – ги открила плановите Џулс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...