САД и државите од ЕУ на најгруб начин се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, преку туркање на преименувањето на земјата во Парламентот, сметаат од руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС.
„По неуспехот на референдумот на 30 септември, организиран со надеж да се добие сенародно одобрување на грчко-македонското „компромисно решение“, Вашингтон и водечките земји од ЕУ имаат намера да го протуркаат внесувањето на диктираните „промени во Уставот на земјата во Парламентот“, наведуваат од руското МНР.
Според Москва, во прашање е најгрубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје.
„Во моментов се случува најгрубото мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје, кое ги надминува сите разумни граници. Целта е внесување на Македонија во НАТО по секоја цена“, наведува руското МНР.