Се огласи Меѓународен сојуз: Никој од кај нас не е повикан од органите на прогонот

1089

Меѓународен сојуз денеска се огласи со соопштение потпишано од потпретседателката Јасна Ерцеговиќ, во врска со како што наведува „неоснованите и тенденциозни шпекулации кои се пласираат во медиумите и на социјалните мрежи“.

„Во интерес на остварување на целите Меѓународен сојуз (МС) стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во Македонија е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства пристигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на МС и исполнување на договорите склучени со партнерите.

Потенцираме дека хонорарот пристигнат на сметката на Л.Т. еден од координаторите и идеен творец на проектот веќе беше предмет на истрага на Финансовата полиција и ОЈО по што се утврди дека трансакцијата е во рамките на позитивните законски прописи на РСМ и истрагата е сопрена.

Временското одлагање и доцнењето на остварувањето на целите на Меѓународен сојуз е исклучиво од објективни причини а никако по вина на МС и координаторите на проектите.

До денот на издавање на ова соопштение ниту еден член на МС или лице поврзано на кој било начин со МС не е повикано од органите на прогонот на РСМ а заради наводно незаконито работење“, се наведува во соопштението од Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...