Брегзит и Националната здравствена служба (НХС) се главните точки во програмата на владата на Конзервативната партија, кои денеска без изнесени во говорот на кралицата Елизабета Втора.
Приоритет на Владата е излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари, како и зголемување на финансиските средства за НХС. Во говорот се потенцира дека средствата за финансирање на здравствените услуги ќе се зголемат за 33,9 милијарди фунти годишно до 2023/2024.
Говорот на кралицата, кој го пишува владата, но монархот го чита од златниот престол во Домот на лордови, вклучува десетици закони кои администрацијата на премиерот Борис Џонсон ќе ги донесе следната година.
Од вкупно 30 предлог закони спомнати во обраќањето на кралицата, седум се во врска со Брегзит. Останатите се однесуваат на гаранции за дополнително финансирање на здравствените услуги и поголеми казни за насилниците.
Во говорот се зборуваше и за: Планови за мигранти од 1 јануари 2021 година: Нови британски визи за квалификувани лекари, медицински сестри и професори; Укинување на надоместоци за болничко возило; Продолжување на работата на реформи од Законот за ментално здравје; Нови закони за казни за да се обезбеди дека најсериозните насилници; вклучувајќи терористи, остануваат во притвор подолго; Предлог оние кои се обвинети за поседување нож да бидат осудени по брза постапка; Продолжување со борбата за да се постигне нето-нулта емисија на штетни гасови до 2050 година; Субвенции за мали бизниси, вклучувајќи независни кина, музички места и пабови.