Се обидел да поткупи полицајци, а тие го привеле

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

1273

Жител на струшкото село Долно Тапеши е приведен откако се обидел да поткупи полицајци за да не го казнат за сообраќаен прекршок.

Полицијата соопшти дека Ф.М.(45) на патот Битола – Ресен, кај месноста „Катинска крстосница“, бил запрен од полициски службеници од СВР Битола по сообраќаен прекршоk. Тој, како што  стои во соопштението, се обидел да им даде поткуп на полицајците, па бил приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...