Во оваа сезона вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940.
Оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и два Influenza А несуптипизиран.
Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години
Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар – 58.