Се намали гужвата, на Богородица се чека од 30 минути до еден час

405

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 до 60 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Претходно од МВР информираа дека граѓаните на грчка граница чекаат и до 4 часа, а поради гужвата полицајци делеа вода на граничниот премин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...