Басистот и менаџерот на групата „Seventeen“ загинаа во налетот на цунамито во Индонезија, а сопругата на фронтменот се води како исчезната, заедно со уште три членови на бендот.
– Нашиот басист Бани и менаџерот Оки починаа – соопшти со болка пејачот Рефјан, па побара од своите фанови заедно со него да се молат за наоѓање на уште трите членови од бендот и неговата сопруга.
Несреќата се случи за време на настап кој го организирала индонезиската државна компанија за енергетика.