Се менува Законот за прекинување на бременоста, жените ќе имаат право на безбеден абортус

1162

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста. По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација,соопшти Министерството.

– Волјата на жената ќе биде на прво место. Се измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена, како и задолжително формирање на Комисија до 22-рата гестациска недела од бременоста. На Единствениот Национален Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за прекинување на бременоста. Практиката на примена на важечкиот Закон за прекинување на бременоста покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус, стои во соопштението.

Комитетот за човекови права и Комитетот за културни и социјални права на ООН имаат изразено загриженост во однос на „условите воведени со Законот за прекинување на бременоста од 2013 година со кои може кумулативно да се ограничи пристапот до легален абортус“.

– Со промената на Законот ќе се укинат постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус. На жената ќе и се даваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременост ќе може да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого, како и да ѝ се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници. Дополнително ќе се намалат глобите поврзани со прекршоците. Со оваа законска промена ќе се оствари правото на жената на безбеден абортус, соопшти Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...