Се лизна ли општина Штип на лизгалницата?

1093

Скандал и криминал ќе ја зачинат новогодишната бајка која oпштина Штип ја организира втора година по ред, рече денеска Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

– Новопоставената лизгалница на плоштадот, уште пред да ја отвори, криминалното раководство на СДСМ, ја обви со матни зделки. Лизгалницата беше поставена на 20.12.2018 година, за кое може да посведочи секој граѓанин во нашиот град,  меѓутоа тендерската понуда беше отворена наредниот ден,  на 21.12.2018 година во 09:00 часот. Затоа прашуваме како е можно, компанија која уште не е избрана на тендер, да врши работи за Општина Штип – запраша Јорданов.

Како е можно, нагласи тој, компанијата да знае дека е одбрана уште пред да и биде одобрена понудата?

– Како е можно да се вршат услуги без да е потпишан договор и без да е добиен налог за работа? Како е можно проценетата вредност на тендерот да е идентична со понудената сума од компанијата? Затоа го повикувам јавното обвинителство и МВР да го истражат случајот. Да ги споредат  датумите на потпишувањето на договорот и поставувањето на лизгалницата на плоштадот. Да проверат кога е издаден налог за работа, кој го издал и дали тоа е истиот ден кога е поставена лизгалницата. И за крај, да проверат дали ова е зделка од цели 800.000 денари, во четири очи од која некој многу добро ќе се офајди – рече Јорданов.

Црнила на национално, црнила на локално ниво, нагласи тој.

– Граѓаните на Штип во ек на новогодишните празници не заслужуваат да бидат жртви на оваа криминална банда во заминување. Воедно, ги повикуваме надлежните институции да преземат итни и неодложни истражни мерки за тоа како се потрошени 800.000 денари, за услуги од времетраење од само 15 дена, да се утврди виновник, а градоначалникот да преземе одговорност за направената штета – додаде Јорданов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...