Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за емисијата КОД на Телма ТВ, посочи дека за парите од торбата „Луј Витон“ се проверувале жиро-сметки, како и дали лица инволвирани во „Рекет“ имаат сефови.
– Тој дел е уште во истрага, самата финансиска истрага што поконретно значи проверивме определени жиро сметки, побаравме податоци во делот дали евентулано лица кои се инволвирани во тоа имаат сефови и други околности во врска со движењето на парите – одговори Јовески на прашањето: „Каде завршија парите, макар само тие од торбата ‘Луј Виток’?“.
Јовески рече дека од досега обезбедените докази, нема информации за инволвираност на политичари односно трагите на парите не водат до некои политичари.
Тој најави и дека за исказ во „Рекет“ ќе бидат повикани и судија и адвокат.