Се испитува зошто и како починала скопјанката која сопругот ја донел кај „Јане Сандански“

Новогодишните празници беа кобни и за уште една жена од Кочани, која паднала од тераса на стан во Штип.

9300

Направена е обдукција на телото на починатата 48-годишна скопјанка Ф.Ц. на Институтот за судска медицина во Скопје, а се прават и дополнителни испитувања за утврдување на причината и за начинот како настапила смртта кај оваа жена, изјавија за Плусинфо од овој Институт.

Како што завчера веќе објавивме од билтенот на МВР, на 31. декември во 13.10 часот  во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг помеѓу Поликлиника „Јане Сандански“ и црква „Св.Илија“, во патничко возило „хјундаи туксон“, со скопски регистарски ознаки, починала Ф.Ц.(48) од Скопје, која била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц.(52) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

Новогодишните празници беа кобни и за уште една жена од Кочани, која паднала од тераса на стан во Штип.

– Направена е обдукција, а истрагата за случајот продолжува – потврдија од  Институтот.

За овој случај вчера од полицијата информираа дека Д.Г (57) од Кочани паднала од тераса на стан на ул.Боро Арсов во Штип.

Случајот бил пријавен на 1-ви јануари 2020 околу 1 часот и 50 минути. По настанот Д.Г. била префрлена во Клинички центар Штип каде починала. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Штип.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...