Се испитува дали пожарот на Евија е подметнат

57
ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS

Четврти ден по ред грчките пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот на островот Евија.

Грчкиот дневен весник „Катимерини“ објави дека се истражува дали пожарот на Евија е подметнат. Пожарникарите откриле предмети што се користат за палење на оган.

Додека грчката телевизија Скај објави дека се испитуваат доказите бидејќи пожарот почнал на три различни места во шумата на островот.

Исто така биле земени изјави од 25 очевидци.

Во гаснењето на пожарот вклучени се околу 400 пожарникари, војници и доброволци. Огнот се гасне од копно и од воздух со канадери кои се обидуваат да го совладаат огнот во тешко достапниот кањон.

Пожарот што изби во вторникот го опустоши природниот резерват борова шума, а околу 500 жители од областа се евакуирани истиот ден.

ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...