,Кон комплексот пештери се упатија и четири возила на итна помош , со кои ќе бидат транспортирани другите момчиња , извлечени од пештерата во Тајланд. До болницата има еден час возење и затоа , по инструкции на австралискиот доктор , кој е внатре со децата, прво се спасуваат најизнемоштените деца.
Нивните родители, кои две недели кампуваа пред пештерата, сега се пред болницата, каде за прв пат по две недели ќе си ги видат своите деца. Спасувачите велат дека нивото на водите дозволува дел од неколку километри долгата патека да се минува и пеш.
Пред пештерата чекаат тринаесет лекарски екипи, секоја со свој хеликоптер и амбулантно возило, по едно за секое дете и за нивниот тренер. Извори од болницата која од пештерата е одалечена 70 клометри за Ројтерс рекле дека во целосна готовност се пет екипи на итна медицинска помош и дека се подготвени уште 30 лекари и оти сите се многу напнати.
По првичниот преглед пред полската билница сите деца ќе бидат пренесени во болница.