Ли Ман-хе, лидерот на христијанската секта од Јужна Кореја која е поврзана со околу половина од случаите на заразени со коронавирус во оваа земја, се извини од името на своите членови.
– Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови – рече Ли Ман-хе, пренесен од француските медиуми.
Тој може да биде обвинет за убиство заради ширење на коронавирусот. Градските власти во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, од државниот обвинител бараат покренување обвинение против Ли Ман-хе, основачот на црквата „Шинчонџи“ и против уште 11 други лица.
Сомневањата се дека тие ги криеле имињата на заразените членови на црквата кои официјалните лица се обиделе да ги пронајдат пред вирусот да се прошири.
Јужна Кореја е една од земјите со најголем број случаи на заразени од коронавирус надвор од Кина. Повеќе од половината заразени, кои сега изнесуваат околу 4.000, се членови на црквата на Исус „Шинчонџи“, која се смета за христијанска секта.
Здравствените власти во земјата тврдат дека припадниците на сектата минатиот месец во градот Даегу се заразиле едни со други, а потоа вирусот го пришириле ширум земјата.