Се играше чочек и на новиот мост во Штип (ВИДЕО)

4716

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски на Фејсбук се пофали дека Штип испишува нова историја затоа што утре (понеделник) ќе биде трасиран пат за иднината, за побрз развој на градот, за денешните и за идните генерации, за развој на бизнис-секторот, за работниците и за студентите.

Со други зборови, утре во 13 часот ќе биде пуштен во употреба новиот, челичен мост на реката Брегалница, прв од таков тип во државата.

Но, на социјалната мрежа Твитер веќе се појави видео-снимка од една забава направена на тој мост. Нешто слично како и чочекот во новиот тунел на автопатот Смоквица-Демир Капија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...