Се запознале на Тиндер, имале секс, ја убил, па отишол на друг љубовен состанок

Убиецот всушност ја запознал на апликацијата Тиндер, еден ден пред нејзиниот 22-ри роденден. Дваесет и седумгодишникот чиј идентитет засега не е откриен, ја задавил Грејс за време на сексуален однос во неговиот стан во центарот на градот. Тој потоа гледал порно на интернет и го сликал мртвото тело на Британката, пред да отиде на друг состанок преку Тиндер.

369
ФОТО: EPA / SASCHA STEINBACH

Таткото на девојката убиена на патување, плачеше додека слушаше како е пронајдено телото на неговата ќерка во куфер. Грејс Милејн од Велика Британија е пронајдена мртва недела дена откако беше прогласена за исчезната во Нов Зеланд, пренесува „Метро“.

Убиецот всушност ја запознал на апликацијата Тиндер, еден ден пред нејзиниот 22-ри роденден. Дваесет и седумгодишникот чиј идентитет засега не е откриен, ја задавил Грејс за време на сексуален однос во неговиот стан во центарот на градот. Тој потоа гледал порно на интернет и го сликал мртвото тело на Британката, пред да отиде на друг состанок преку Тиндер.

Одбраната тврди дека смртта на Грејс на 1-ви или 2-ри декември, е случајност.

– Да се задави некој со раце не е ненамерно – сите докази покажуваат дека не се работи за несреќа – рече обвинителот Робин МекКобри.

Обвинетиот наводно прво тврдел дека се сретнал со Грејс на пијалок, а потоа се разделиле. Но, подоцна призна дека имале груб секс, во кој имало и гризење и удирање, кој завршил на подот. Тој инсистираше дека не сфатил оти девојката е мртва, па се истуширал пред да си легне да спие.

Обвинителите тврдат дека според неговиот мобилен телефон, тој гледал порно на интернет повеќе пати откако Грејс е убиена, а потоа нејзиното тело било фотографирано. Тој пребарувал и за „најжешкиот оган“, „големи вреќи близу до мене“ и локацијата на која е пронајдена убиената. Според нив, обвинетиот отишол и на втор љубовен состанок истиот ден, пред да повика да му се исчисти теписонот.

На снимките од камерата се гледа обвинетиот заедно со куферот во кој е пронајдено телото. На нив ја има и Грејс како влегува во станот на обвинетиот.

– Само две лица знаат што се случило во таа соба. Едно од нив не може да ни каже, а другото не ја кажува вистината за тоа што се случило – тврди МекКобри.

Адвокатот на одбраната, Иан Бруки тврди дека смртта на Грејс е последица на нешто на кое двајцата се согласиле. Смртта, како што вели, настанала откако тој се обидел „да ја задоволи Грејс“ и оти се случило со нејзино знаење и поттикнување.

– Неговото дејствување можеби ја предизвикало смртта, но тој не е виновен. Смртта е случајност – вели адвокатот.

Судењето продолжува.

ФОТО: EPA / SASCHA STEINBACH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...