Се запали отпадот со старо железо во Железара

502

Чад и смрдеа синоќа имаше во околината на Железара во Скопје, реагираа граѓаните на социјалните мрежи, предупредувајќи и на намалена видливост.

Од Град Скопје соопштија дека околу 21.30 часот пожарот избил на местото викано Челичарница во кругот на Железара односно кај отпадот за старо железо.

Првично реагирале службите на Железара, а потоа тие побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје.

На терен синоќа во гаснењето асистирале и екипи од јавните претпријатија Водовод и Канализација и Комунална Хигиена, како и од Дирекцијата за Заштита и Спасување на РМ и ОКТА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...