На локомотивата на товарниот воз “Србија Карго” на железничката станица Бујановац избил пожар кој е локализиран. Во прекин е железничкиот сообраќај на делницата Бујановац–Прешево. И патничкиот сообраќај ода авто-патот од Прешево до Бујановац е пренасочен на магистралниот, поради чадот, јави телевизијата РТС.
Пожарот се случил околу 16.30 часот на железничката станица Бујановац, соопштија од “Инфраструктури на железницата на Србија”.
Локомотивата од товарниот воз “Србија Карго”, којшто превезувал контејнери, се запалила на влезниот сигнал во железничката станица Бујановац, а машиновозачот ја напуштил локомотивата пред да букне пожарот.
Пожарот моментно е локализиран, а на лице место се наоѓаат пожарникарски единици и вработени на железницa.
Повторно воспоставување на железничкиот сообраќај на овој дел на Коридорот 10 се очекува утре претпладне.