Се запали автубус кај последна 24-ка

512

Автобус на ЈСП утрово се запалил на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода, во близина на последната постојка на автобуската линија со број 24.

Од Противпожарната единица информираат дека нема повредени патници, сите на време го напуштиле автобусот.

Не е настаната ниту голема материјална штета. Изгореле околу два квадратни метри, а проценките за штетата се дека таа е околу 30.000 денари.

За гаснење на пожарот интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...