Запален клима уред бил причината за пожарот кој вечерва избил во зграда во центарот на Скопје, кај „Рекорд“.
Од климата се развил пламен на надворешна страна од еден стан. Во уредот се заглавила хартија која се запалила, објасниле од Противпожарната бригада.
Нема повредени, а предизвикана е само материјална штета.