Се запалил автобус без патници на обиколницата Сарај – Волково

119
20160216 Tuesday pozar evn plostad zgrada

Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува.

Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и брзо се проширил во кабинскиот дел.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и оти е интервенирано со четири возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 13.55 часот, а интервенцијата траела до 15.30 часот. Полицијата прави увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...