Се гради нова хируршка сала и се подновува Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

106

Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. Новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава, соопшти Министерството за здравство.

Со новиот болнички оддел, како што се посочува, ќе се зголеми капацитетот на хоспитализирани пациенти за една третина, а истото ќе се постигне со зголемување на капацитетот со 15 болнички кревети (претходно одделот беше предвиден за 50 пациенти). Инаку, овој простор претходно беше целосно запуштен и воопшто не се користеше, а сега од корен се реновира и се инсталира нова најсовремена опрема.

Министерот за здравство Венко Филипче ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде заедно со директорот и вработените направи обиколка низ просториите, кои ќе бидат дел од целосното реконструирање на Клиниката, соопштија од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...