Се „готви“ летна револуција во Барса

413

Барселона се подготвува за масовна распродажба на играчи во летниот трансфер прозорец, вели „АС“. Според изданието, од „Камп Ноу“ ќе си заминат околу десетина играчи.

„Каталонците се подготвени ова лето да се разделат со 10 фудбалери. На списокот присуствуваат дури имиња како Семјуел Умтити, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо. Раководството на клубот е разочарано од играта на Кутињо, кој има договор до летото 2023 година“, пишува „AС“.

Се вели уште дека Кевин-Принс Боатенг ќе се врати во Сасуоло, а Џејсон Муриљо – во Валенсија. Јаспер Силесен, Томас Вермален и Рафиња Алкантара исто така ќе бидат продадени при првата можност, бидејќи речиси не играат за Барселона.

Оваа сезона Каталонците ја освоија титулата во Шпанија и се наоѓаат во финалето на Купот на Шпанија. Раководството сепак е разочарано од елиминацијата од Лигата на Шампионите, откако беа на чекор од финалето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...