Во страшна сообраќајна несреќа кај Зрењанин, загинале две сестри, 27-годишната Добрила и 21-годишната Вида Милиќ, додека 27-годишниот вереник на Добрила, Небојша Алексиќ е тешко повреден.
Несреќата се случила вчера околу 12 часот кога на возило „алфа ромео“, со кое управувал Алексиќ, налетал автомобил „опел мерива“, зад чиј волан била 62-годишната Лилјана Матиќ, која исто така загинала на лице место.
Српските медиуми пренесуваат и дека сестрите се враќале од одмор на море.
ФОТО: Курир.рс