Се бара притвор за Јанева

1275

Засега истрагата е проширена само на Катица Јанева и за неа е побаран притвор, рече обвинителката Вилма Русковска.

– Се работи за кривично правен настан и не треба да се политизира. Нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари – изјави денеска на прес конференцијата републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

На прашање каде се парите Јовевски рече:

– Тоа е сензуално прашање и повеќе детали во овој момент не можам да дадам.

Русковска нагласи дека нема барање за претрес на домови на политичиари, а ако има не е од нив и не е поврзано со случајот „Рекет“. Таа рече дека од СЈО се одзема компјутерот на Јанева.

Според Јовевски, Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари во мебел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...