Се бара притвор за тој што го рани момчето во „мерцедесот“

552

Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори истрага и побара притвор за лицето кое пукало кон Ј.Б. додека бил во неговото возило и тешко го повредило.

Настанот за кој се гони лицето се случил на 24.09.2018 година, околу полноќ, на крстосницата меѓу улиците Дурмиторска и Алија Авдовиќ во Скопје, кога осомничениот со автоматска пушка испукал повеќе пати кон оштетениот Ј.Б., кој во тој момент управувал со патничко моторно возило „мерцедес“, при што му нанел тешки телесни повреди.

По настанот, оштетениот прво бил однесен на Универзитетската клиника за хируршки болести „Наум Охридски“, а подоцна, поради сериозноста на повредите, со возило на итна медицинска помош е префрлен на КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...