Се бара притвор за охриѓанец во чиј дом е пронајдена марихуана

435

Охридското обвинителство поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид.  Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење  – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.​

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...