Се бара оставка од Марин – висококатница ќе се дигне на зеленилото кај „Мајчин дом“

1264

Денеска околу пладне градежната механизација влезе на зеленилото кај Мајчин дом, во Општина Аеродром. И покрај бројните протести на жителите, но и предизборните ветувања дадени од градоначалникот Златко Марин дека зеленилото нема да се чепка, на парцелата сепак ќе никнува висококатница, објави Радио МОФ.

,Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеа да го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци! Парцелата пред Мајчин дом денеска е оградена и започнува изградба на осумкатница!“ реагираат од иницијативата „Аеродром сака да дише“.

Од Општина Аеродром тврдат дека им биле врзани рацете.

„Во меѓувреме во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред ‘Мајчин дом’, што Општината е законски обврзана да го процесира во согласност со позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И 10“, стои во соопштението од општината.

Парцелата е во приватна сопственост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...