„Се бара Груевски“, осамнаа плакати во Будимпешта

2381

Плакати испишани „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“ излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум, на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.

На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.

Моментум е  млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да има свој претставник во Парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...