Голема полициска акција денес се одвива во струшкиот регион. Неофицијално станува збор за разбивање на мрежа која се занимава со продажба на дрога, а меѓу лицата кои се приведуваат има и функционери.
Од МВР за Плусинфо ја потврдуваат информацијата дека има има полициска акција, но кои функционери и за што конкретно станува збор засега не споделуваат информации.
Повеќе детали, најавуваат во текот на денот кога ќе заврши акцијата.
Телевизијата АЛСАТ М објави дека во операцијата во село Ливада и Струга се приведени неколку лица, а меѓу осомничените и директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и поддржување на нелегалните активности.
Меѓу осомничените е и еден инспектор, како и претходно осудувано лице за трговија со дрога со иницијали Р.К.
ОБНОВЕНО:
Во Струга уапсени шестмина, еден избегал