Приведени се двајца од напаѓачите кои во саботата по полноќ пукаа кон гости, најверојатно со криминално досие, во скопскиот хотел „Александар Палас“. Уапсените се на распит во полициската станица Карпош.
МВР без да открие повеќе детали, вели дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек.
Во саботата, околу полноќ во хотелот имаше престрелка помеѓу две криминални групи. Во инцидентот немаше повредени.