СЕХА лига: Вардар почнува против Пекинг, Еурофарм домаќин на Спартак Москва

209

Денеска стана познат распоредот за новата сезона во СЕХА лигата која започнува на почетокот од септември.

Бранителот на трофејот и европски шампион, Вардар ќе стартува против новиот тим во ова натпреварување, екипата на Универзитет Пекинг од Кина. „Црвено-црните“ почнуваат дома на 3. септември во дуел од „А“ групата.

Вториот наш претставник во натпреварувањето, Еурофарм Работник, следниот ден игра со Спартак Москва во Битола.

По завршувањето на групната фаза, првопласираните екипи обезбедуваат директен пласман во четвртфинлето. Другите екипи од групите ќе разигруваат во плеј-офот.

Потоа се играат четвртфиналните натпревари, а предноста мечот на домашен терен да биде во реваншот, го имаат екипите што директно се пласирале во четвртфинале.

Распоред први 5 кола од СЕХА:

1. коло
Вардар – Пекинг (3 септември)
Еурофарм – Спартак (4 септември)

2. коло
Мотор – Вардар (7 септември)
Еурофарм – Металопластика (22 септември)

3. коло
Вардар – Нексе (24 септември)
Мешков – Еурофарм (8 октомври)

4. коло
Татран – Вардар (1 октомври)
Еурофарм – Веспрем (2 октомври)

5. коло
Вардар – Војводина (5 ноември)
Еурофарм – Загреб (5 октомври)

Комплетниот распоред за новата сезона на следниов линк!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...