СЕХА: Вардар убедлив против Извиѓач

97

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ забележаа убедлива победа од 38:27 (21:13) против екипата на Извиѓач во рамките на 9.коло на СЕХА лигата.
Вардарци целосно ја оправдаа фаворитската улога и рутински дојдоа до победата, иако настапија со комбиниран состав.

Најдобри кај Вардар беа Оцвирк и Војводиќ со по шест гола, додека во редовите на Извиѓач, Делиќ и Чутура дадоа по седум гола.

„Црвено-црните“ ја запишаа осмата победа во регионалното натпреварување и се на врвот на табелата со 21 бод, исто колку и Нексе и ППД Загреб.

За екипата на Роберто Гарсија Парондо сега следува натпревар во Лигата на шампионите против Киелце на 1 декември (сабота) пред домашна публика во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...