Сефер Цаноски: Груевски го координираше уривањето на „Космос“

1583

Во сведочењето на рочиштето за случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на синот на Фијат Цаноски, Сефер рече дека побарал помош од неколкумина политичари и бизнисмени да се сопре рушењето. Тој спас барал кај Орце Камчев, Муса Џафери и Али Ахмети, но му било одговорено дека тогашниот премиер Никола Груевски го координирал уривањето на „Космос“.

Цаноски вели дека Ахмети по телефон му објаснил како стојат работите .

– Пред да доаѓаш, јас се слушнав, поради тоа што татко ти ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отишол со СДСМ, а не дошол ниту со ДУИ, многу тешко тој случај би се решил – сведочи Сефер Цаноски.

Тој во сведочењето рече дека за помош се обратил и до бизнисменот Орце Камчев. Според Цаноски, бизнисменот му рекол дека тој е близок со Сашо Мијалко, кој не бил поврзан со случајот, и додал дека му било кажано оти уривањето на објектот го  координирал Груевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...