Сеул: Северна Кореја испали неколку проектили кои летаа до 200 километри

181

Северна Кореја денеска испали неколку проектили со краток дострел од источниот брег на земјата, кои летаа од 70 до 200 километри во правец на североисток, соопшти јужнокорејската армија.

Првично, од Сеул беше кажано дека е во прашање лансирање на ракета, но армијата подоцна даде друг опис на настанот.

Како што пренесуваат странските медиуми, доколку станува збор за ракета, тоа ќе биде првото лансирање откако Северна Кореја во ноември 2017 година испали интерконтинентална балистичка ракета.

Веднаш потоа, Пјонгјанг соопшти дека нуклеарниот арсенал на земјата е комплетиран, а потоа изрази подготвеност за мировни преговори со Јужна Кореја и САД.

Аналитичарите оценуваат дека Пјонгјанг го зголемува притисокот врз САД, по неуспешниот февруарски самит во Ханој за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...