Од убиството на популарната пејачка Ксенија Пајчин поминаа повеќе од осум години, а се чини дека нејзината полусестра, Миа Пајчин, никогаш не ја заборавила.
Ксенија денеска би наполнила 41 година. На овој ден се сетија сите кои ја сакаа неизмерно, а емотивна порака напишала и Миа на својот Инстаграм.
– Ксенија беше многу енергична личност, се можеше да направи. Имаше цврст став и беше во свој фазон. Толку бунтовна, своја и единствена, пленеше со добрина и убавина – изјавила претходно Миа, која е ќерка на таткото на Ксенија од неговиот втор брак.
Ксенија беше убиена во март 2010 година, од страна на нејзиното момче, манекенот Филип Каписода. Откако ја убил неа, тој си пресудил и себеси.
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин
Извор: Курир.рс