Сестрата на напаѓач на Села: Филипче, брат ми со гнојни рани лежи во болница

2411

Еден од обвинетите во случајот за нападот на Зијадин Села, Стојан Павлески, веќе четири месеци се наоѓа во болница, а неговата сестра, Вера Митевска, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче, предизвикувајќи го да го посети пациентот затоа што, како што вели, секојдневно дел по дел го убиваат.

Павлески со првостепена пресуда беше осуден на три години затвор за насилство. Тој прво беше обвинет за обид за убиство на Зијадин Села, но потоа обвинителот за него направи преквалификација на делото во насилство.

„Мојот брат Стојан Павлески, самохран татко, од 25-ти октомври 2018 година лежи на Трауматологија, без дијагноза, без напредок во лекувањето, без надеж дека ќе преживее. Неговото тело, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува“, обвинува сестрата.

Павлески беше претепан на 25 септември 2018 кај Зелен пазар, каде од група напаѓачи бил претепан до бессознание. Неговата сестра, Вера Митевска, во обраќањето до Филипче ја раскажува нивната страна на приказната. По нападот, вели таа, во болница не му направиле снимки, веднаш му го залепиле носот со фластер и им кажале дека нема други скршеници. По операцијата во три часот изутрина бил пуштен од болница. Имал болки, па по три часа чекање на Брзата помош го однеле на Трауматологија каде лежи и ден денеска.

„Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозен. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик (така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат!“, пишува сестрата.

Потоа таа вели дека дури деновиве им кажале дека на Павлески му се скршени 4, 5, и 6-от пршлен и оти имал доживеано и излив на мозокот, а редовни преврски на раните му прават на секој пет дена.

„Брат ми, Стојан Павлески, лежи непокретен, веројатно веќе со дистрофија на мускулите во екстремитетите, лежи засмрден од развиениот декубит- гнојни рани по телото, кои се јавуваат од лежење. Постојано го држат под седативи и едвај зборува сега, а зборува по малку откако ќе помине дејствието на седативите. Ние го храниме, ние го облекуваме, ние го негуваме и тоа 24 часа во денот“, наведува сестрата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...