Сестрата на Катица Јанева демантира дека земала пари за фризерски салон

Лиле Делиџакова во одредени медиуми беше посочена дека лани била прва на листата за добивање средства од Агенцијата за вработување за самофинансирање и отворање на фризерски салон од Гевгелија.

1098

Најостро ги осудувам написите во кој се споменува дека јас сум земала некакви пари за самовработување. Јас имам конкурирано единствено на конкурсот за избор на член на Комисијата за хартии од вредност, а никако за отворање на фризерски салон. Незнам за кое лице станува збор, но јас не сум таа што медиумите ја посочуваат, вели Лиле Делиџакова од Гевгелија, сестрата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска во одредени медиуми беше посочена дека минатата годiна била прва на листата за добивање средства од Агенцијата за вработување за самофинансирање и отворање на фризерски салон од Гевгелија.

– Јас сум дипломиран економист од 1992 година и досега имам работено како цариник, како вешто лице и како проценител, а последниве 6, 7 години работам во Реплек АД во Одделот за финансии. Мојот живот и мојот професинален ангажман воопшто не одат во иста насока со тоа што го тврдат медиумите – вели Делиџакова во изјава за МИА.

Попладнево одредени портали тврдеа дека Лилјана Делиџакова, сестрата на обвинителката на СЈО, Катица Јанева лани од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување за – фризерски салон. Тие наведуваат дека Делиџакова била прва на списокот на селектирани кандидати за самовработување од избраните кандидати од Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...