Помладата сестра на фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам била на распит во полиција поради тврдењето на нејзиното бившо момче дека го тепала со далечинско.
Џоана Бекам завршила во полициска станица откако Крис Донели пријавил дека физички го нападнала. Наводно, Џоана го удрила Крис со далечински управувач по глава.
Донели, инаку ѕвезда на британскиот „Големиот брат“, се скарал со сестрата на Бекам со која има бебе, по што таа го истепала со далечинско.. Бидејќи добил модринки на окото, ја пријавил во полиција.
Кавгата се случила околу пораката која Џоана мислела дека се доказ оти ја излажал, пренесува „Дејли Меил“.