Австралискиот карикатурист Марк Најт се најде на удар на јавноста поради карикатура од тенисерката Серена Вилијамс инспирирана од неодамнешното финале на УС Опен каде Американката загуби од Наоми Осака од Јапонија.
Во текот на мечот Вилијамс таа беше казнета и имаше жесток судир со главниот судија Карлос Рамос.
На карикатурата, Најт ја претставил Серена како лута, дебела тенисерка која скока како мало дете, а судијата ја моли Осака да ѝ дозволи да победи. Поради тоа карикатуристот е осуден за расизам и сексизам.
– Само го прикажав нејзиното однесување на теренот. Немам ништо против неа, шампионка е и ја нацртав каква што е. Не постои ништо расистичко во тоа – изјави Најт.
ФОТО: EPA-EFE-JUSTIN-LANE