Серена престана да дои, се враќа во форма

89
EPA/ERIK S. LESSER

Тенисерката Серена Вилијамс објави дека престанува да ја дои својата ќерка Олимпија и дека донела тешка одлука повторно да се врати на теренот.

– Планирав да го направам тоа во јануари, но дојде март, потоа април, мај … – изјави таа за „Дејли мејл“.

Серена има многу вишок килограми, кои ѝ пречат да се врати на турнирот во Вимблдон.

– Беше многу интересно, бидејќи и во многу статии пишуваше дека ќе симнам неколку килограми за време на доењето, но тоа не се случи со мене – рече таа и додаде дека откако ја променила исхраната на детето е за неколку килограми полесна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...