Американската тенисерка Серена Вилијамс се расплака за време на церемонијата на доделување на наградите по финалето на турнирот во Торонто.
Таа го предаде мечот на 19-годишната канадска тенисерка Бјанка Андреску.
– Благодарам момци. Жал ми е што морав да го сторам тоа. Пробав но, не можев. Бјанка, вие сте брилијантен спортист и жена. Благодарност до мојот тим. Одиме напред – рече Серена со солзи пред своите обожаватели.
Турнирот во Торонто, Канада, се играше за награден фонд од 2,5 милиони долари.
“I know all about injuries.” @Bandreescu_ consoles Serena Williams following her @rogerscup final retirement. pic.twitter.com/CM1joKu6Cw
— WTA (@WTA) August 11, 2019
ФОТО: EPA / WARREN TODA