Серена: Од интернет дознав дека моето момче има дете од порано ФОТО

Серена Вилијамс открила дека не ѝ е едноставно во брак со бизнисмен, коосновач на интернетската страница Редит бидејќи таа е спортистка, а Алексис е деловен тип и дека се потполно спротивни.

1337

Тенисерката Серена Вилијамс (38) изјавила дека не знаела дека нејзиното тогашно момче, а сега сопруг, Алексис Оханиан (36) има дете од претходниот брак.

– Бевме шест месеци заедно и не знаев многу за него. Користејќи го Гугл дознав дека има дете и бев во шок – признала Серена.

Двојката се свршила кон крајот на 2016 година, ќерката Олимпија (2) пристигнала во септември 2017 година, а само два месеци потоа тие се венчале. Во едно интервју за американските медиуми спортистката открила дека не и е едноставно во брак со бизнисменот, коосновач на интернет страницата Редит.

– Јас сум спортистка, а тој е деловен тип. Јас сум Афроамериканка, а тој е белец. Потполно сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини – рекла славната тенисерка. Таа додала и дека не мислела дека ќе се омажи за маж кој е „со друга боја на кожата“.

– Никогаш порано не би рекла дека ќе се омажам за белец, но тоа само ви покажува дека љубовта навистина нема ниту боја ниту предрасуди. Едноставно, љубовта е таква што само се случува – признала тенисерката.

ФОТО: Harry Uzoka/Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...