Американската тенисерка Серена Вилијамс е импресионирана од младата Канаѓанка Бјанка Андреску која веќе има освоено два ВТА турнира.
– Официјално се изјаснувам: Јас сум обожавателка на Бјанка Андреску. Има само 19 години, но не можете тоа да го кажете. Според нејзината игра и односот кон тенисот се чини дека е многу постара – изјави Вилијамс.
На 11 август двете тенисерите се сретнаа во финалето на турнирот во Канада. Андреску победи откако Серена го предаде мечот во вториот сет поради повреда.
ФОТО: EPA / WARREN TODA